Францускиот третолигаш Лес Хербиерс во вторникот го победи Шамбли со 2:0 и се пласира во големото финале на фудбалскиот Куп на Франција.
Интересно е што оваа аматерска екипа се бори дури и за опстанок во третата лига, а ќе се спротивстави на ПСЖ, чиј најевтин играч вреди повеќе од целата екипа на Лес Хербиерс.
Стадионот на оваа екипа собира околу 5000 гледачи, па натпреварот во вторникот се одигра на стадионот од Нант пред 34.653 навивачи и беше вистински спектакл.
Пласманот во финалето екипата го прослави громогласно, а тоа за оваа екипа ќе значи и излез во Европа.