“Кубик вода од 26.22 на 21.22 денари и 3 денари плус за Канализацијана отпадни води,КАКО ЌЕ Е со ветеното намалување од 20%?!”

Ништо од најавеното намалување на цената на водата од предизборниот период..Тоа е одлука која што може да се донесе на секоја седница на Совет, се разбира ако треба и итна се со цел да се задоволи и оствари она што се ветувало…

Цената на водата во овој момент ви е позната, но сепак добредојдено би било поевтинувањето во секоја фамилија ако се знае дека секое семејство просечно троши од 15-20 кубици вода и за таа вода плаќаат од 510 до 680 денари…

Ако на таа сума намалиме 20% , веќе зборуваме за навистина сериозен износ. Воедно и давачката за канализација и одводнување треба да се намали од сегашните 3 денари по кубик, на 2.4 денари.

Граѓаните очекуваат да се реализира ветеното од билбордите на градоначалникот Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.