Денес Македонија беше сведок на најтешкиот удар на демократијата. После денешниот настан во собранието, секој што ќе зборува за владеење на правото и правната држава, за почитување на законите и уставот на државата, за евро-атланските интеграции, нема да биде сфатен сериозно.
Денес се изгласа закон кој претставува институционално насилие и загрозување на уставниот поредок на државата.
А за тоа колку тежат зборовите на премиерот кои беа напишани и како гаранција за добивање на мандат од претседателот Ѓорѓе Иванов, потсетете се од видеото подолу: