Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и нелегално избраниот собраниски спикер Талат Џафери продолжуваат да спроведуваат вистински терор во Собранието на Република Македонија.
Џафери на денешната седница повторно повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако одби да даде пауза, иако за тоа е обврзан согласно Деловникот. Џафери на дрзок и недемократски начин постојано влегува во конфликт со пратениците од опозицијата.
-Нас не ни е целта да има проблеми. Треба да ја смирите седницата за да тече како што треба, му порача на Џафери пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Димовски во текот на денешниот ден предупредуваше дека има тенденција во Собранието да се предизвика инцидент, кој го провоцираат претседателот Талат Џафери и другите пратеници.
-Обврската на сите нас е да бидеме и прибрани, и пристојни, и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на какви било инциденти и провокации во Собранието, рече Димовски.