“Капо ди тути капи” мафијашот ѕвер од Корлеоне: Одговорен за најмалку 150 убиства, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Салваторе Рина (87) познат како Тото Рина, еден од најопасните шефови на мафијата во историјата на сицилијанската мафија, умрел во затворската болница во Италија.

Погребот нема да биде дозволено да се одржи во црква, а свештеникот ќе испее молитва само ако семејството тоа го побара.

Поради својата суровоств за време на животот, тој го добил надимакот “ЅВЕР”.

“Капо ди туту капи” починал во болницата во Парма, во болничкото одделение за затвореници, еден ден после својот 87 роденден.

Боледувал од рак на бубрезите и Паркинсонова болест, а пред смртта побарал да го пуштат на слобода, меѓутоа тоа не му било одобрено.

Умрел служејќи 26  доживотни казни затвор.

“Тото” е одговорен за најмалце 150 убиства, а убивал дури и деца.

Тој го нарачал убиството на 13-годишно дете, со цел да го спречи неговиот татко да оде во полицијата и да ги предаде тајните на мафијата.

Детето на крајот било задавено, а неговото мртво тело било фрлено во раствор со киселина.

Кога еднаш некои од членовите на мафијата  се одлучиле да соработуваат со правосудните органи и да станат сведоци, тој за одмазда нарачал убиство на 11 нивни роднини.

Рина го нарачал и убиството на судијата Џовани Фалконе кој жестоко се борел против мафијата.

Тој е уапсен во 1993 година, кога конкуренцијата станала силна. После неговото апсење не  сакал да соработува со полицијата. Полицијата објавила и видео на кое Рина вели дека не жали за ништо што направил, или како што рекол “Нема да ме скрши ниту 3000 години затворска казна”.

Не е познато колку точно пари “заработил” за време на животот. Се проценува дека тежел околу 125 милиони долари. Огромната вила која ја изградил му ја одзеле властите и ја претвориле во училишите.

 

А/Г/

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.