Претседателот на Барселона Џозеп Мариа Бартомеу потврди дека управата поради ревонирање на стадионот Камп Ноу преговара со две-три компании околу продажба на правата на името на стадионот.
Каталонскиот клуб со 550 милиони фунти планира да го реновира Камп Ноу, најголемиот европски стадион изграден во 2957 година со капацитет од 99.354 седечки места.
Се шпекулира дека Барселона од продажбата на името на стадионот ќе добие околу 200 милиони фунти.
-Го продлабочивме спонзорскиот договор со Беко. Следниот чекор е разговор за продажба на правата на името на стадионот. Размислуваме за темелно обновување на стадионот.
Актуелни се разговорите со две-три компании кои би обезбедели половина од планираната инвестиција, објави Бартомеу кој додаде дека обновата на стадионот исклучуво има врска со порастот на профитот.
Со реконструкцијата на стадионот, капацитетот ќе се зголеми на 105.000 седечки места. Завршувањето на градежните работи се очекува во февруари 2021 година.