КУД „Пензионери“ при Здружението на пензионери – Прилеп, вечерва, во киното „Мис Стон„ на ЦК Марко Цепенков, пред публиката, која уживаше во секој звук на македонската народна песна, одржа целовечерен концерт. Присутните беа воодушеви и го наградиуваа КУД „Пензионери „ со бурни аплаузи за секоја изведба. Меѓу присутните, беше и градоначалникот на Прилеп, кој уживаше во звиците на македонскиот староградски народен мелос, интерпретиран од прилепските пензионери.
„Чест и задволство ми е да го отворам овој културен настан во рамките на прилепското културно лето. Пензионерите преставуваат главна алка во опшественото живеење на Прилеп и Р.Македонија. Ние како локална самоуправа имаме одлична соработка со Здружението на пензионери од Прилеп. Токму,преку нивна иницијатива, започна да функционира градскиот јавен превоз, отворивме пет пензионерски клуба, а во рек е отворање на уште неколку во различни УЗ и населени места – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, при оваа прилика.
На концертот на КУД „Пензионери“, како гости настапија и членовите од КУД „Сирма Војвода“ од Битола,како и пејачка група од Штип .