КОПЕНХАГЕН ПАДНА НА “ФИЛИП ВТОРИ”: Вардар гази кон групите во Лига на шампиони

vardar skopje fk

Делириум на “Филип Втори” арената во Скопје. Вардар го порази Копенхаген со 1:0 и има чиста мрежа пред реваншот во главниот град на Данска за 7 дена.

Вардарци одлични! Го контролираа целиот натпревар, создаваа шанси и го држеа противникот на дистанца.

Првото полувреме заврши без голови, но со стекната играчка предност за Вардар.

Во второто полувреме одново офанзивна игра за црвено-црните, а вистинската шанса ја искористи Џонатан Балотели во 65-та минута и стрелаше за 1:0.

Вардар докажа, Вардар покажа дека е лек за Скандинавци, па сега останува да ги послужи среќата и од Копенхаген да се вратат со кренати глави.

АЈДЕ, АЈДЕ ВАРДАРЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.