Мозокот е најсложениот орган во човечкото тело. Тежината на мозокот на возрасен човек изнесува 1.350 грама и содржи 100 милијари неврони. Меѓутоа, се верува дека човекот користи само 10 проценти од мозокот. Научниците, го отфрлаат ова верување.
Според едно истражување, околу 65 проценти од Американците веруваат дека човекот користи само 10 проценти од својот мозок. Меѓутоа, тоа е само приказната на неврологот Бери Гордон.
Со помош на функционална магнетна резонанца, која ја мери активноста на мозокот додека се извршуваат повеќе активности, се заклучува дека поголем дел од мозокот е активен дури и кога се извршуваат едноставни активности.
Поголем дел на мозокот е активен дури и кога се одмараме или спиеме. Процентот на активност на мозокот зависи од личноста, но зависи и од тоа дали работиме и дали размислување во тој момент.