Пилотите на британски “RAF” на почетокот од 20 век од воздух забележале чудни линии во пустината во Израел, Јордан и Египет.
Тие линии се камени ѕидови кои се одвоени еден од друг, а на некои места се приближуваат и се спојуваат во кружни јами. На некои места во Јордан, линиите создаваат ланци долги по 40 метри.
Најновите истражувања за “пустинските ѕидови” потврдуваат дека тие биле користени за усмерување на газелите и крупниот дивеч во јами на смртта. Овие камени ѕидови стари се околу 2.400 години, а напуштени се пред 2.200 години.
“Истражувањата покажуваат дека изградбата на ѕидовите била многу понапредна од тоа што се мислело претходно”, вели Узи Анвер од Универзитетот Бен Гурион во Израел.