– Пред одредено време присуствував во една земја која се вика Македонија. Таму дознав дека владата на САД позајмува пари од Кина и Саудиска Арабија и ги предава некаде во висина од 5 милиони долари во договори, трансферирани преку УСАИД во организации на Џорџ Сорос кои беа искористени да бидат манипулирани изборите на Балканот. И тоа е само во Македонија, не вклучувајќи ги соседните земји. – вели конгресменот Стив Кинг, кој е дел од комисијата за правосудство на Претставничкиот дом на САД кој бара затвор за Хилари Клинтон
Конгресот на САД од пред неколку недели започна со истрага на злоупотребите на Хилари Клинтон и демократската партија во САД на државните пари, кои преку УСАИД биле користени за насилно менување на влади низ светот, нарушување на демократските принципи, предизвикување на конфликти и корупија.
Ваквата истрага против Хилари Клинтон, следува откако демократите започнаа со кампања за прогон на соработниците на Доналд Трамп, барајќи специјален обвинител за Русија, што резултираше со контра акција на Републиканската партија која формираше специјален комитет за истрага на криминалот и корупцијата направени од страна на администрацијата на Обама и Хилари Клинтон во Израел, но и во мешањето во Украина што пак резултираше со крвава граѓанска војна.
Во март оваа година, Републиканските конгресни лидери испратија писмо до Државниот Секретар Тилерсон, барајќи да се започне со истрага во врска со обвинувањата дека администрацијата на Обама била вмешана во изборните циклуси во повеќе земји.
Конгресмените откриваат дека имали разговори со странски претставници, од кои многумина ги потврдиле обвинувањата дека администрацијата на Обама активно се мешала во избори во странски држави во Европа, Латинска Америка и Африка.
„Загрижува тоа што ваквото однесување стана стандардно за многу од нашите амбасади, хуманитарни мисии и дипломатски претставништва низ целиот свет“, се вели во писмото. „Бараме со вашиот авторитет да го истражите случајот и сите средства кои се распоредени за промоција на демократијата и владеење, како и рецензија на програмите, сметките и мноштвото активносите преземени од претставништва на САД кои биле вмешани во вакви активности“.
Во писмото до Рекс Тилерсон, Републиканското лидерство исто така изразува загриженост поради обвинувањата дека парите на даночните обврзници на САД биле празнети од Стејт Департментот во „либерални“ оганизации, како оние на Џорџ Сорос и користени во странски кампањи.
Водечкиот републикански конгресмен, Кристофер Смит, особено реагира на информациите дека американската амбасада е сериозен финансиер на активностите на невладините организации поврзани со фондацијата на Сорос и вели дека доколку САД издвојуваат финансии за вакви активности, тоа мора да биде на неутрален начин и без заземање политички страни.
– Во случајов, изгледа дека американската влада финансирала организации коишто заземале страни, конкретно, биле на страната на социјалистите, што апсолутно не е прифатливо. Верувам дека тоа е нелегално и ќе го разоткриеме овој случај до крај. Утре ќе побарам извештај на генерален инспектор кој што ќе треба да изврши истрага. Јас прашав многу конкретни прашања до амбасадорот Бејли и, повторувам, не добив одговор. Ние не треба да заземаме страни, треба да промовираме демократија, а не да промовираме коалиција на политички партии, вели Смит.
Конгресмените најавија и формирање на комисија за отповикување на Бејли.
Извор: Инфомакс