КОГА НА ОПИНОК ЌЕ МУ ДАДЕШ ЧЕВЛИ: Шарениот директор Александар Донев продолжува да троши пари и да шири навреди по социјалните мрежи!

Не само што не си даде оставка, туку „шарениот“ шетач Александар Донев откако јавно се бламираше дека ќе ги врател 4.000 евра за авио-билетот во бизнис класа, минатата недела потроши дополнителни 7.000 евра за патување во Албанија

И додека јавноста сведочеше на оставки од морални причини на членовите на ДИК кои согласно законските одредби си поделиле бонуси, но истите јавно не ги објавиле, Донев продолжува да се однесува арогантно и да се изживува со народните пари. За оставка, сеуште нема никаква најва.

Како дрското и безобразно трошење на народните пари да не е доволно, Донев, инаку директор на агенцијата за развој на туризмот на социјалните мрежи се фали дека со народни пари убаво и богато се храни. Единствено му сметало тоа што изгледал како „сељаче од ВМРО“ со лигавчето кое го носи за да не се извалка.

Ваквото мизерно и неизживеано однесување не е својствено само на Донев, туку и на неговите претпоставени. Така, Шеќеринска потроши неколку десетици илјади евра на бадеми и лешници, владата набавуваше морски плодови, а се точеше и алхохол во хектолитри.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.