КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ:Која е разликата помеѓу искрени и лицемерни луѓе?

Живееме во време во кое е навистина тешко да препознаеме кој е искрен, а кој лицемерен. Сѐ почесто се фаќаме себеси како немаме доверба во луѓето, понекогаш оправдано, но понекогаш и грешиме.

Искрените луѓе ги почитуваат сите луѓе.

Лицемерни луѓе ги почитуваат само луѓето кои имаат некаква моќ.

Искрените луѓе не се трудат со сила да им се допаднат на луѓето.

Лицемерните луѓе ќе направат сѐ за да им се допаднат на другите.

Искрените луѓе не патат за внимание.

Лицемерните луѓе се очајни да бидат во центарот на вниманието.

Искрените луѓе не се фалат.

Лицемерните луѓе не престануваат да се фалат и перчат.

Искрените луѓе отворено си го кажуваат мислењето.

Лицемерните луѓе не престануваат да озборуваат.

Искрените луѓе се трудат да си стојат на зборот.

Лицемерните луѓе често даваат ветувања, ама ретко ги исполнуваат.

Искрени луѓе почитуваат многу луѓе и им се восхитуваат.

Лицемерните луѓе постојано ги критикуваат и омаловажуваат другите за тие да изгледаат подобро.

Искрените луѓе се љубезни и грижливи поголемиот дел од времето.

Лицемерните луѓе се фини само кога им треба нешто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.