Исповед на ескорт-дамата која спиела со 10.000 мажи

Триесет и шест годишната Гвинет Монтенегро од Австралија, поранешна дама за придружба во својата книга го опишала почетокот на кариерата и лудиот живот во кој владееле дрога, секс, оргии и алкохол.

Спиела со 10.091 мажи, се „давела“ во кокаин и трошела над десетици илјади долари на автомобили и облека. Сега Гвинет ги открива сите тајни на животот на скапите дами за придружба и развратниот животен стил.

Таа на врвот од својата кариера земала и по 1.000 долари на час. Животот, покрај работата, и’ се сведувал на оргии, алкохол и дрога, а во сето ова уживала и на некои од најегозтичните дестинации.

Сепак, признала дека кога би можела да го врати времето нe би го одбрала истиот пат. Сето ова го опишала во својата книга со наслов “10.000 Men and Counting” (10.000 мажи и сите што следуваат) во која многу искрено зборува дека на 18 години била силувана, а веќе на 19 започнала да танцува во стриптиз клубови. Со 21 година била на врвот на својата кариера.

Таа сакала да остане невина додека не го најде вистинскиот – Сега е претприемач, но детството и било сосема поинакво. Родена е во Мелбурн во семејство кое негувало католички вредности. Не сакала да има сексуални односи се додека не го пронајде вистинскиот, но откако ја силувала улична банда ја изгубила самодовербата.

Не можела да најде работа па наивно се пријавила за работа во стрип-клуб.

-Многу се напив и првата вечер танцување пред публика заработив 1.000 долари. Мислев дека тоа е неверојатно. Добив верба во себе. Никогаш на себе немав привлечено толкаво внимание, изјавила таа.

Нејзините клиенти биле политичари и познати музичари – Од сето ова се извлекла откако доживеала сообраќајна несреќа кога имала 24 години.

-Тоа беше знак да се повлечам. За среќа и моите родители имаа разбирање кога ја дознаа вистината, изјавила таа, а пренесува Daily Mail.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.