58-годишниот Ч.П. жител на Градско испил апчиња со алкохол и во тешка здраствена состојба во кома бил однесен во Клиниката за токсикологија во Скопје.
Како што информираат од СВР Велес, на 3 април годинава вечерта околу 19:30 часот од дежурниот лекар на Итна медицинска помош Велес кај нив било пријавено дека лицето Ч.П било донесено во тешка здравствена состојба предизвикана со испивање на поголема количина апчиња и алкохол. Тој бил во кома и веднаш бил упатен на лекување во Клиника за токсикологија во Клиничкиот центар во Скопје.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека станува збор за 58 годишник од Градско кој е психички болен и непресметлив.Тој веќе еднаш си ја палел куќата, а по овој настан, според нив, треба да биде згрижен во соодветна установа.