Празни плажи и локали! Каде е Лилјана Поповска од ДОМ??? Ја бараат стружани – Трогателен текст! (ФОТО+ВИДЕО)

pozar1-2-640x360

Стружани повторно се гушат и дишат чад и отровен воздух. Пожарот на депонијата одново се активира, а централната и локалната власт ги оставија стружани да се трујат и да се соочуваат со смрдеата низ целиот град.

Изминатите две вечери велат граѓаните, во Струга воопшто не се дишеше, а од чадот печеа очи.

Еден револтиран стружанец на кого му прекипило да се соочува со отровната смрдеа која го труе, на својот Фејсбук профил напиша:

“И пофторно депонијата си горит, ние си дишиме си дишими си дишиме!!! Па добро бе до КОГА??? Дајте бре луѓе еднаш засекогаш, сложно сите да излеземе. Да излеземе не на протест туку во акција!! Дајте да ги избушиме гумите на сите камиони од ЈП Комунално, подобро да стои сметот по улици, него истиот да го дишеме во форма на чад!! Дајте да ја смениме бравата на пултот за наплата на сметки за комунално, или катинари да стајме, дајте сложно сите да им објавиме граѓанска непослушност и да не ги плаќаме повеќе сметките, па ЕБАН ДЕНАР да не видат, бидејќи не ни заслужуваат! Дајте да почнеме да делуваме!! Со блокирање на улици, само ќе спречиме некој да стигне до одредена дестинација или ќе го примораме да си најде заобиколен пат. Никој друг нема ни да не примети!! Во оваа наша војна со институциите, наши индиректни ‘непријатели’ се и вработените во комунално, возачите на камионите, обичните работници. Сите тие се пиуни во оваа шаховска партија, во која ние граѓаните се наоѓаме во МАТ позиција.  Нека знаат сите тие дека тој смет што ќе го растоварат во оваа дива депонија, ќе биде запален, и дека тие, нивните деца, внуци, истото тоа ќе го дишат. Некој мора да почне, некој мора да биде херој!! 

Дали ќе се најде некој пиун што ќе стане кралица??

#Доста е!!!”

 

Инаку сликата денес во Струга беше жална! Од загаденоста која се шири од депонијата настрда и туризмот. Празни плажите и локалите, а туристите ја напуштаат Струга и се префрлаат во Охрид. Навистина е гревота еден од бисерите на Охридското Езеро да страда поради негрижата на властите.

20464256_10211921742710418_1962930918_n

20471950_10211921743830446_569113504_n

20427687_10211921745310483_1587463446_n

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.