Изложбата „Живот бо бои 2„ од уметницата Андријана Мациев пред прилепчани

DSCN7738

Во петок 28 јули 2017 Г. од 20.00 часот во галеријата„Борко Лазески“ во ЦК„Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на дела „Живот бо бои 2„ од уметницата Андријана Мациев, која пред прилепчани ќе се претстави со 15 дела.

DSCN7736

Текст од  Елена Иванова за изложбата

,,Македонската уметница Мациев, графичар по ликовна определба, во својата нова творечка фаза продолжува да го збогатува нејзиниот циклус “Живот во бои”. Со овие дела – слики изработени во техниката акрил на платно (како надоврзување на претходните графички изрази) – го утврдува својот личен ракопис. Писмото на Мациев е препознатливо по силниот и контрастен колорит кој блеска со оптимизам и животна радост. Забележлива е тематската широчина во делата, која се должи на основните чисти ликовни вредности – линија, боја, композиција. Сликите делуваат како да се продуцирани битово, со експресионистички манир и апстракција, приближувајќи се кон претстава на неопипливите нематеријални нешта: внатрешната состојба на духот и душата, виталноста, животниот импулс, љубовта.. .Во ова множество на бои и форми, се испреплетуваат кругови во комбинација на геометриски линии и елементи, во различни големини и бои, создавајќи ритмичност на насликаната површина. Наносите на бои се изведени преку широк потег на четката, надополнети се со линеарни интервенции како контрапункт на основата, при што може да се заклучи дека овој начин е избран како патека за дефинирање на избликот на енергијата која е претставена на платната.Пред нас се создава можност да ги восприемиме и да уживаме во визуелизацијата на позитивната емоција на Андријана Мациев која вибрира среќа, радост, задоволство, преку нејзините дела кои одишуваат со перцепција на животот во бои и се поетска и драматична манифестација на поимот „радост на живеењето“.

DSCN7746

БИОГРАФИЈА

Андријана Мациев,родена 16.09.1980 во Скопје. Средно образование завршува во Училиштето за применета уметност Лазар Личеноски во Скопје, а дипломира на Факултетот за Ликовни уметности во одделот графика во класата на проф.Димитар Малиданов. Член е на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Член на Здружението Широка Стаза од Земун. Изложува самостојно и учествува на повеќе групни изложби,манифестации и ликовни колонии во Македонија и надвор од . ржавата. Добитник е на повеќе награди меѓу кои; 2007“Избор на новогодишна честитка при ФЛУ”, 2008 Прва награда од Фондацијата Драгутин Аврамовски-Гуте, 2009 Награда на Универзитетската библиотека св.Климент Охридски од Скопје, 2010 Награда за посебен придонес во уметноста на графиката , Chamalieres, 8 Mondial de l Estampe et de la Gravure Orginale Triennale de Chamalieres, 2011 год под насловот “Слика,Музика Поезија” има перформанси во МКЦ и клубот Парадизо.

Активно учествува на групни изложби од 2006 год во Скопје ,Белград, Инстанбул, Варна, Прилеп, Македонски Брод, Тузла, Шамелиер, Тетово, Куманово, Штип,  Созопол итн. Учествува на многу работилници, графички,изработка на рачна хартија,сликање со вино. Учесник на многу манифестааци,хепенинзи каде се негува и почитува уметноста.

Самостојни изложби

2009, Белград,мал формат,Библиотека Св Сава

2010, Скопје, Светски ден во борба против ракот КИЦ

2010, Скопје,МКЦ

2010, Скопје, Проект изложба “Звуците на чаршијата ”

2012, Скопје,Кафе ЛИ

2012, Скопје ,КО-РА

2013, Прилеп,галерија Марко Цепенков

2014, Скопје, Карпошово лето

2016, Скопје, Галерија Бада бум

2016, Кавадарци,Дом на култура Иван Мазов-Климе

2016, Гевгелија,Галерија Амам

2016, Белград, Галерија Богиќ

2017, Софија, КИЦ на Р.Македонија

2017, Скопје, Дом на културата Илинден

2017, Скопје, НЛП Бизнис центар

Групни изложби

2006,2007,2008,2009.- Фондација Драгутин Аврамовски – Гуте

2008, Тетово, Четврто Интернационално биенале на мала графика

2008, Скопје, Мала станица,хуманитарна излозба

2009, Скопје, Национална универзитетска библиотека св.Климент Охридски

2010, Скопје, Модна недела, Мултимедијален центар Мала станица

2009/2010, Белград,  Пролетна излозба на здружението Широка стаза Белград

2009, Истамбул,Трансформ

2009, Скопје, Македонско ликовно творештво-минијатура ДЛУМ

2009,Скопје, Графика и цртеж ДЛУМ

2009, Битола, 6 Меѓународно триенале на графика

2010, Богданци, Изложба на графики од работилница Софија

2010, Скопје, Триенале на графичка работилница КИЦ

2010,Белград, Широка стаза 2010

2010, Скопје, КИЦСМ Спона

2010, Скопје, Годишна изложба на ДЛУМ

2010, Скопје. Мал формат на ДЛУМ

2010, Шамелиер, Триенале на мал формат

2011, Белград, Широка стаза

2011, Богданци, Графика 3

2011, Скопје ,Работилница Софија КИЦ

2011, Варна, Интернационално графичко биенале Борис Георгиев

2011, Тузла, Интербифер 14,Меѓународна галерија на портрети

2012, Скопје, Галерија КОРА

2012, Мобилност 3ти декември, Порта Македонија

2012, Прилеп, Галерија Марко Цепенков

2012, Белград, Широка стаза

2012, Прилеп, Графики од Ликовна колонија Мак Брод

2013, Белград, Широка стаза

2013, Прилеп, Марко Цепенков

2013, Македонски Брод,Дом на култура

2014, Скопје, Кинотека на Македонија Велигденска излозба

2014, Скопје, Галерија на НЛБ Тутунска банка

2014, Скојпе, Кинотека на МК,24 Мај КИрил и Методиј

2014, Куманово, Карпино

2014, Белград, Хапинес Галерија Богиќ

2015, Скопје, Новогодишна Кафе ЛИ

2015, Скопје, Божикна Кафе ЛИ

2015, Скопје, Велигденска КИнотека на МК

2015, Скопје, св. Трифун и Валентин, КИнотека на МК

2015, Скопје, св. Кирил и Методиј,Кинотека на МК

2016, Скопје, Концепт 37

2016, Скопје, 8ми Март, Кинотека на МК

2016, Белград, Широка стаза,Пролетна

2016, Созопол, Грин лајф ресорт

2016, Скопје, н. Илинден, Радовишка колонија

2016, Битола, Нижополе

2017, Велес, Прилеп,Македонски и Чешки автори

 

Арт хепенизи

2013, Скопје, Ленд арт Карпош

2014, Скопје, Кинотека на РМ, Ден на жената

2014, Скопје, Цртачки хепенинг за Нок на музеите

2014, Скопје, Ликовен хепенинг во рамките на Карпошово лето

2014, Скопје, Акварелен хепенинг во градски парк,ден на цвеќето

2015, Скопје, Хепенинг за 8ми Март

2015, Скопје, Арт хепениг Карпошово лето

2016, Скопје, Арт хепенинг за денот на жената

2016, Кавадарци, Арт хепенинг Слика и Поезија

2016, Кавадарци, Арт хепенинг Велигденски

 Перформанс

2011, Скопје, Слика Музика Поезија, Клуб МКЦ и Клуб Парадизо

Интернационални ликовни колонии

2010, Белград, Здружение Широка стаза

2010, Богданци, Графичка работилница Софија

2010, Штип, Работилница Икон, акварел со вино Еземит

2011, Штип, Работилница Икон, акварел со вино Еземит

2011, Куманово, Зеберњак

2011, Македонски Брод, Графичка ликовна колонија – дрворез

2012, Македонски Брод, Графичка ликовна колонија – дрворез

2012, Охрид, Мобилност Македонија

2014, Куманово, Карпино

2016, Созопол, Франкофониски фестивал Солеил

2016, Битола, Нижополе

2016, Струмица, Меѓународна Струмичка ликовна колонија

2016, Кавадарци, Михајлово 2016

2016, Радовш, с Ораовица Св Ѓорѓи

2016, Поградец, Интернационална ликовна колонија

2017, Радовиш св. Ѓорѓи

2017, Прилеп, “Дрен”

2017, Пробиштип “Лесново”

2012, Скопје , Работилница на ДЛУМ- Венецијанска маска

2012, Скопје, Работилница КОра Велигден




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.