Во 05 часот и 30 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „Сузуки свифт“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот Ш.Р. од Охрид, излетало од патот и се превртело.
Притоа, сопатникот во возилото, 67-годишниот А.Б. од Охрид се здобил со тешки телесни повреди, пренесе полицијата.
Тој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.