„Излези да гласаш“ најави активно следење на локалните избори, ќе објават и повик за волонтери

Коалиција „Излези да гласаш“ во која се 100 невладини организации, а предводена од НВО „Синергија“ од Штип, најави активно учество во претстојните локални избори и нивно следење.

ilijan-cvetkovski

„Излези да гласаш“ има долго искуство во изборниот процес. Ние активно ќе го следиме изборниот процес, се надеваме на фер и демократски избори. Апелираме на масовност, граѓаните да излезат на гласање и да го остварат своето право и активно да учествуваат во овој процес, вели Илијан Цветковски од невладината организација.

Од Коалицијата на НВО истакнуваат дека за сите нивни активности ќе бидат известени дипломатските претставништва во Македонија кои се активно вклучени во целиот изборен процес.

-Наша цел е да придонесеме овој процес да биде транспарентен, фер и демократски и затоа ги повикуваме сите граѓани кои се заинтересирани да се вклучат во овој процес, независно дали тоа ќе биде во нашата невладина организација или други. Нашето мото е „Излези да гласаш“, да се искористи правото на глас, велат од „Излези да гласаш“.

Цветковски посочи и дека наскоро ќе објават и повик со кој ќе ги повикаат сите заинтересирани лица активно да се вклучат во „Излези да гласаш“ како волонтери или набљудувачи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.