Македонија синоќа ја пречека Европа со топло добредојде и приреди спектакл за паметење. Убавините на Скопје, музеите, спомениците, уредените плоштади и паркови, како и фасцинантната Арена “Филип Втори”, беше вистинско изненадување за илјадниците странци фанови на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но и за европската куќа на фудбалот УЕФА.
Европскиот Супер Куп е најголемото спортско случување во нашата земја, а неговата организација Македонија ја доби благодарение токму на Арената “Филип Втори”, која во минатото беше доста критикувана.
На почетокот од фудбалскиот спектакл свое шоу имаа средношколците од единственото државно училиште за ученици со оштетен слух „Партение Зографски“, кои на знаковен јазик ја отпеаа песната „Небо полно ѕвезди“ (Sky Full of Stars) од „Колдплеј“.
Пред нивниот настап арената заечи од македонски мелос и се развеа големо оро. За тоа заслужни беа играорците од културно уметнички друштва „ЕТНОС“, „БЛАЖЕВСКИ“, „СТУДИО ФОЛКЛОР“ И „ОРЦЕ НИКОЛОВ“.
Режисерот притоа успеал одлично да ја долови оваа почетна церемонија, затоа уживајте:
А/Г/