Игуаин ги “реши” своите: Јувентус сеуште царува во Италија (ВИДЕО)

Во натпреварот од 15-то коло од италијанската Сериа А, Јувентус на стадионот “Сан Паоло” го совлада Наполи со 0:1.

Стрелец на единствениот погодок на натпреварот на кој се очекуваше поголема атрактивност и повеќе погодоци, беше Игуаин во 13-та минута.

Брзиот контра напад кој од средината на теренот го започна Паоло Дибала и прецизното додавање до својот сонародник, го донесе Јувентус во водство, што се покажа за доволно за три бода и доближување до “наполитанците” на само еден бод.

Во следното коло ново дерби, Јувентус на свој терен го дочекува третопласираниот Интер, кој во недела со победа над Киево може да се искачи на првото место.

A/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.