Исламистите повторно испратиле порака во која велат дека ниту еден член од кралското семејство нема да биде сигурен. Британските медиуми јавуваат дека британските тајни служби добиле информации дека Исламската држава подготвува напад на 4-годишниот принц Џорџ.
Синот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пред еден месец тргна на училиште и постои сомнение дека токму училиштето може да биде место за напад. Поради тие закани, училиштето овие денови е под силно обезбедување, а родителите на останатите ученици се во голем страв.
„Star on Sunday” пишува дека во пораката во која е изречена заканата против кралското семејство, имало и фотографија на која е училиштето на принцот Џорџ, а снимено е и момчето додека влегува во него. На фотографијата се испшани стихови од песна на арапски, пренесува Вечерни лист.
ISIS fanatics have made a chilling threat against Prince George and the Royal Family. #9Today pic.twitter.com/pAEQBMsJZS
— The Today Show (@TheTodayShow) October 29, 2017