Ураганот Ирма, кој достигна категорија од четврти степен денеска ја погоди Флорида, при што предизвика поплави во Мајами.
Улиците на Мајами се полнат со вода, а меѓу поплавените се финасиската и станбена област Бриквел авенија, како и Еџвотер.
Ударите на ветрот во јужните делови на Флорида се од 160 до 215 километри на час, зависно од локацијата. Околу сто илјади лица одлучиле бурата да ја пречекаат во своите домови и во засолништата.
А/Г/