Меѓувладината организација „МАРРИ“ денес објави оглас за вработување на проект менаџери за имплементација на проект за згрижување, нега и помош при азил на бегалци и мигранти во Македонија, пренесува порталот Инфомакс.
„МАРРИ“ или Меѓувладина регионална иницијатива за азил, миграција и бегалци објави оглас за вработување на проект менаџери за Македонија, за спроведување на проекти за помош при добивање на азил, згрижување и нега не бегалци и мигранти во Македонија.
Платата која се нуди е 122.000 денари, а договорот за вработување се склучува на една година.
Оваа иницијатива започнува со имплементација на своите проекти во согласност со Стратегијата за интеграција на мигранти и беглаци која минатата година ја донесе МТСП и Владата на Р.Македоија, со која се предвидува изградба на мигрантски населби и нивна нивна интеграција во општеството, што ќе значи обезбедуање на редовен работен однос, социјализација и образование.
Владата подолго време го негираше овој проект, но веќе на големо се работи на изградба на вакви населби во општина Аеродром, Кавадарци, Демир Капија, Ѓорче Петров и Прилеп.
Извор: infomax.mk