Ведрана Полетар (20) има свој трактор, управува со него и секој ден е во полето. Љубовта кон земјата ја наследила од родителите.
“Го работам тоа што го сакам, тоа што ме исполнува. Не е ниту малку тешко да станеш рано на утро и до доцна навечер да работиш”, вели Ведрана.
После завршеното училиште за комерција, се нашла на крстопат, дали да продолжи на факултет или да остане дома и да ја обработува земјата.
“Ме привлече второт и одлуката беше дефинитивна. Останувам да ја орам земјата и да произведувам храна”, додала Ведрана која со 18 години станала сопственик на трактор.
Вредната девојка, за себе вели дека не е многу по вечерните излегувања, а изборот на облека го препуштила на својата помала сестра.
“Го мразам тоа облекување, но признавам дека понекогаш го сакам и тоа. Сепак, најдобро се чувствувам во траперки и маички”, вели таа.
А/Г/