И хигиеничерките можно е да чуваат деца во градинките, тоа е прашање на време..?!

Повторно поплаки од родителите на децата. Имено децата во градинките се чуваат во субстандарни услови поради немање на доволно професионален кадар кој пак новиот градоначалник со неговото доаѓање го среди по кратка постапка и не им ги продолжи договорите, ветувајќи дека на нивно место ќе вработи ,,вистински ,, професионалци.

Благодарејќи на доаѓањето на “животот” и во градинките децата сега се соочуваат со други проблеми. Имено од реакцијата на родителите сме информирани дека на местото на негователки се ангажираат психолози, логопеди или дефектолози кој како ќе се најди во моментот, СЕ’ но не и профеционалци соодветни за тоа место и со соодвенти лиценци.

Од друга страна пак ангажираниот логопед вработен на пола работно време, не можел да одговори на своите работни задачи затоа што според професионализмот во “животот” му е дадено друга работна задача и децата се праќани да бараат логопед на друго место со што се изложени на дополнителни трошоци.

Дополнително негователки и воспитувачки се распоредени на работно место раководителки што е проблем плус со испразнување на овај прекупотребен кадар.

Поради тоа, заради немање на соодветен кадар за пополнување на ваквите испразнати места се врши поделба на децата по групи што е крајно непрофесионално и недозволиво и големо психичко малтретирање на децата со секојдневно менување на воспитувачки и негователки. Прашање на време е кога хигиеничарки ќе почнат да ги чуваат ?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.