“И крстот на Марковите Кули згасна…?!”

Згасна и крстот на локалитетот “Maркови Кули” во Прилеп. Монументалното дело кое со години стои издигнато над градот и се забележува од секој дел на Прилеп, веќе не свети во вечерните часови.

Не е познато за што се работи, дали некој намерно го оштетил осветлувањето, или се работи за дефект.

Но, тоа што е сигурно, никој надлежен со денови не презема ништо да го врати сјајот на светиот крст  со кој Прилеп и прилепчани се гордеат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.