И РАКОМЕТОТ ЛИ ЌЕ БИДЕ ПРИЧИНА ЗА ТЕРОРИЗАМ: Миленко Неделковски за ракометната еуфорија!

Ракометната еуфорија која владее во Македонија е благодарение на макотрпната работа на претходната влада и вложувањата во спортот, вели Миленко Неделковски во текст на својот ФБ профил, прашувајќи дали оваа влада ќе го третира славењето на триумфот на нашата репрезентација за тероризам, и дали ќе ја руши Триумфалната капија откако ракометарите и навивачите ќе поминат под истата.

„Ете, ако по некој случај направиме резултат, откако се квалификувавме на ЕП преку утакмици играни во СРЦ Борис Трајковски изградена од поранешниот корумпиран режим… Кога ќе се вратат ракометарите во Скопје… Ќе продефилираат ли во отворениот, двоспратен, кинески автобус на ЈСП купен пред да “дојде животот” во Македонија? Оние автобуси де, за кои криминалците Јанакиевски, Пешевски и Груевски добија провизии

Дефилето ќе оди ли по маршрута под Триумфалната капија Македонија, исто така изградена од поранешниит ненароден режим на фамилијата? Прво ќе поминат ракометарите а после Грчев, Алаѓозовски и Ѓунер ќе ја рушат? Ќе биде ли дозволено пеење на “Излези момче”? Ќе се вратат ли и оние 600.000 за заедно да славиме? Поздравниот говор и честитки од Заев ќе бидат ли двојазични? Ќе биде ли на “условно” пуштен Дурловски да ја отпее химната?

ВМРО ДПМНЕ ќе одржи ли еден панел, или само со соопштение ќе честита. Дали проаѓањето на толкава толпа народ пред Собранието и собирањето на плоштад, ќе биде третирано како тероризам? Па после ќе гледаме ли апсења на Мукаетов, Мрена, Кире, Борко, Раул…?“ – пишува Неделковски.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.