Прилеп во изминатите години особено внимание посвети на зголемување на капацитетите за згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст со отварање на нови детски градинки или реконструкција и адаптација на постојни објекти.
За неколку години капацитетот на ЈОУДГ Наша иднина се прошири за околу 200 места. Нови градинки се отворија во селата Канатларци, Беровци, Тополчани и Големо Коњари.
Прошитени беа капацитетите во постоечките градинки, а беше отворена и градинката во работничкиот универзитет “Пере Тошев”.
Претходната локална власт ја започна и адаптацијата на градинката во ООУ “Рампо Левката”, простор на кој активно се работеше минатото лето и беше речиси готов пред почетокот на септември.
Потоа работите стагнираа со локалните избори, а со доаѓањето на новиот градоначалник од редовите на СДСМ на власт, овој проект се заборави и од него нема ниту трага ниту глас.
Додека родителите мака мачат да се изборат за место во градинка за нивните најмали, градоначалникот и неговите соработници се зафатени со распределба на работни места и обвинување на претходната власт.
Состојбата од друга страна со градинките значително се влошува, а јавноста особено беше згрозена кога имаше прилика да види во какви кршови се пренесува храната за децата од градинката “Гоце Делчев”.
Скандали пукнаа и при поставувањето на нов директор….
Негрижата на новите локални власти за оваа витална институција, може да предизвика одново назадување, но и загрозување на здравјето и безбедноста на децата.
Она што беше започнато од претходната власт мора да продолжи да се развива, во интерес на градот, во интерес на сите граѓани.
Прилепчани исто така ги очекуваат и двете ветени нови градинки од програмата на Јованоски пред локалните избори.