Значи сменивме се: име, јазик, историја за да влеземе во ЕУ 2245?!

Комесарот на ЕУ за проширување Јоханес Хан рече дека 2025 година би можела да биде поволна за проширување, но исто така тој додаде дека Србија и Црна Гора се државите кои најмногу се приближиле до Унијата.

Како што вели Хан, тоа не значи дека тие држави сигурно ќе ја достигнат целта. “Има уште многу да се работи”, изјавил Хан за австриската агенција “АПА”.

“Тоа е индикативен и сосема возможен рок, доколку кандидатите го забрзаат својот пат кон Европската Унија. Ако некој сака да биде дел од Унијата до 2025 година, треба да ги заврши преговорите до 2023 година”, вели Хан.

Хан истакна дека главното прашање во “домашната задача” за сите земји кандидати е “како да заживее владеењето на правото”.

“Секако нема да прифатиме држави кои имаат отворени прашања со соседите. Конфликти за границите како што имаа Словенија и Хрватска повеќе нема да постојат во Унијата. Секако, Србија мора да го реши прашањето со Косово, а тука се и отворените прашања меѓу Србија и Хрватска, Црна Гора и Косово, Албанија и Грција”, вели Хан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.