Деновиве интензивно се работи на чистење на Дабничкиот канал кој поминува низ ромската населба Тризла во Прилеп. Каналот ќе се чисти во должина од околу 1,5 км. и тоа од населбата Тризла па се до неговиот влив во Градската река кај Типската населба.
„Во оваа прилика сакам да упатам голема благодарност до градежните фирми и до јавните претпријатија, особено до ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и Канализација“ кои ќе помогнат околу чистењето на овој канал. Каналот редовно се чисти на секои 2 години и во оваа прилика повторно би сакал са упатам еден апел до населението кое живее во Тризла да не фрлат отпадоци и шут во каналот бидејќи доаѓа до негово затнување и при поголеми поројни дождови се создаваат проблеми. Со ова чистење се спречува создавањето на поплави во овој дел на градот кога ќе има силни дождови. Исто така чистењето ќе придонесе и за зачувување на животната средина“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Градоначалникот Ристески истакна дека редовно се чистело и речното корито на Градска река, а во координација со Водостопанството прилепско поле се чистеле и каналите во околината на Прилеп.