Започна театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”

Со претставата „Венецијанскиот трговец“ на Шекспир во изведба на Драмски театар-Скопје, во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се отвори 52-риот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

IMGL7833

„Пред нас е 52. издание на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, навистина импозантна традиција која засужува длабок респект. Повеќе од половина век е расадник, мотиватор и еден од клучните двигатели на македонското драмско творештво. За Македонија, фестивалот е особено важен бидејќи се презентира најдоброто од театрите, се вреднува домашната театарска продукција, а тој служи како платформа преку која театаарските работници се споредуваат, учат еден од друг и заедно ја градат театарската традиција и го развиваат овој важен сегмент на нашата уметност и култура, посочи министерот за култура Алаѓозовски.

IMGL7628

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека во текот на изминативе години театарската сцена претставуваше нераскинлив дел и сведок за моќта на уметничкото изразување и развојот на овој фестивал во меѓународни рамки.

„Фестивалот „Војдан Чернодрински“ претставува културен бренд не само за Прилеп туку и за цела Македонија, а Локалната самоуправа во изминатиов период наголемо го поддржува“,посочи градоначалникот Марјан Ристески.

IMGL7556

Во официјалната селекција во трка за награди годинава се уште 11 претстави: „Figurae Veneris Historiae“ (Љубовни пози на историјата) на Прилепскиот театар; „Злосторство и казна“ на Битолскиот театар; „Трудна приказна“ на Театар Комедија од Скопје; „Плавиот-кучето“ на Албански театар-Скопје; „Хај-фај“ на Кумановскиот театар; „Лазаревото писмо“ на Штипскиот театар; „Отело“ на Турски театар-Скопје; „Џон Габриел Боркман“ на Струмичкиот театар; „Копање“ на Македонскиот народен театар; „Аналфабет“ на Охридскиот театар и претставата „Ана Комнена“ на Велешкиот театар.

Според селекторот и претседател на Советот на Фестивалот Петар Темелковски, МТФ годинава има богата програма во која заедно со 12-те претстави од официјалната програма ќе понуди вкупно 20 претстави.

На отворањето на фестивалот му беше врачена наградата за животно дело на Митко Маџунков.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.