Со средства од буџетот на локалната самоуправа на општина Прилеп беа одделени 3 милиони денари, со кои започна и ќе се разлизира проектот за секундарна канализација во населеното место Канатларци.
Во програмата на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Марјан Ристески предвидена е и изградба на уште еден бунар со цел да се зголеми водоводниот капацитет во селото, доасфалтирање на сите улици, мултинаменско игралиште и балон сала во ОУ “Кирил и Методиј”.
Во ова населено место ќе се гради и модерен плоштад, кој ќе биде едно прекрасно место во корист на сите генерации.
Во Канаталарци во изминатите години се асфалтираа улици и се изгради нова канализациона мрежа, со што се реши проблемот со одведување на фекалните води.
Во 2012 година асфалтирана беше главната улица која низ целата должина од 1000м беше препокриена со асфалтна површина од 3500м2. Овој инфраструктурен проект општината ја чинеше 3.000 000 денари, а задоволството на мештаните беше дополнето и со промената на водомерите и нивна замена со опрема за фиксно отчитување на водомерите, проект на ЈКП Водовод.
Асфалтиран беше и пат до селото во должина од 300 метри во вредност од 1 милион денари.
Покрај тоа Канатларци доби и нова детска градинка каде се згрижение 20тина деца. Градинката се наоѓа во склоп на училиштето “Св. Кирил и Методиј” кое е двигателот на одржување на здрава мултинационална средина, во која владее мир и разбирање.
Во училиштето се изврши целосна санација која се состоеше од реновирање на две училници, помошна просторија, ходник, санитарни јазли во централното училиште на ООУ „Кирил и Методиј“ во Кантларци и беше во вредност од околу 1.400 000,00денари од кои околу 1.200 000,00 денари од УСАИД и 200.000,00 денари од ЕЛС Прилеп.
Во Канатларци исто така беше изграден и парк, кој опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите.
А/Г/