Запознајте ја Марин: Најхрабрата девојка во светот – плива со ајкули, се дружи со пајаци

Screenshot_4-65-640x376

Таа е Марин Колоње, блогерка и фотомодел, но и една од најхрабрите девојки на Инстаграм.

Марин е голем љубител на патувања и редовно ги забавува своите 400.000 следбеници со настани и фотографии од разни места во светот. Нејзината последна дестинација беа Бахамите, а тоа што го објави ги шокираше нејзините Инстаграм следбеници.

Таа пливала со ајкули на Бахамите. Опуштена, со насмевка на лицето, додека опасните морски суштества пливаат околу неа.

– Ова е најдобар дел од мојот ден. Преживеав просторија полна со пајаци. Ова беше опуштање за мене. Искрено, се избезумив кога видов како една ајкула ја отвара устата и плива кон мене да ме касне за рака. Ми рекоа дека ако видам дека некоја ајкула сака да ме нападне, да останам мирна. Само да ви кажам, може да зборува кој што сака, но не можеш да останеш мирен – изјавила Марин.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.