Едно куче спасило новороденче во Кина, кое било живо закопано во една шума, пренесува telegraf.co.uk. Целосното случување се одиграло во градчето Вутан, кое се наоѓа на југозапад од градот Чонгшинг.
Сопственичката на кучето Јанг Јиали рекла дека го пронашла бебето кога нејзиното куче почнало да копа дупка под еден жбун.
Таа рекла дека бебето било замотано во бела ткаенина и дека устата му била полна со кал.
Локалните доктори рекле дека бебето било старо околу еден месец и дека пати од тешка болест. Сметаат дека родителите го закопале мислејќи дека истото е мртво.
Сонг Јуе, асистент лекар во домот за здравје, ја опишала состојбата на бебето кое е пронајдено на 6-ти мај.
-Бебето беше многу бледо. Дишењето и работата на срцето му беа успорени. Детето имаше ниска телесна температура, а устата му беше полна со кал, рекла таа.
Ова нажалост не е единствен случај во Кина, затоа што и порано се случувало бебиња да бидат живи закопувани.
Вакво нешто често се случува во руралните средини на Кина, кога родителите ќе помислат дека детето веќе е мртво.
Меѓутоа, има и такви родители кои на ваков начин постапуваат од очај, затоа што немаат доволно средства да ги одгледаат своите деца. Илјадници деца со вродени мани и други здравствени проблеми остануваат напуштени во Кина секоја година.
Погледнете го видеото:
А.Г.