Заев ги ослободува убијците на децата од Смилковско езеро

Доживотните затворски казни за обвинетите во случајот „Монструм“ се на јавна седница пред врховните судии. Одбраната тврди дека осудените се невини.

Јавниот обвинител Лилјана Спасовска побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот на повторно одлучување.

Барањето на јавниот обвинител кое беше проследено со аплауз е поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.

Петтемина обвинети беа осудени на доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковското езеро,  кое се случи на 12 април 2012 година.

Таткото на едно од загинатите деца кај Смилковско езеро, во емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов уште минатата година тврдеше дека обвинетите се убијците.

-Ние добро го познаваме случајот и цврсто стоиме дека се овие убијците, истакна Горан Накевски, кој додаде и дека Зоран Заев, 5 месеци се рекламирал со нивниот случај.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.