Заев ги излажа вработените во „Колска“, денес тие ги радикализираа протестите и блокираа возови (ФОТО)

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од денеска излегоа да штрајкуваат и го блокираа железничкиот сообраќај во Велес, откако беа излажани од новиот премиер Зоран Заев дека ќе им бидат исплатени заостанатите плати и ќе се најде решение за фабриката.

blok-1-640x374

Вработените во фабриката за шински возила ,,Колска“ од Велес, ги радикализираа протестите. Утринава на железничката станица во Велес блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес.

Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз МЖ Транспорт и Министерството за транспорт и врски за исплата на заостанатите плати.

-Трпението на вработените е при крај , остваривме средба со премиерот Зоран Заев, добивме ветување дека ќе ни се исплатат заостанатите плати , се сретнавме и со министерот Сугаревски и директорот на МЖ Транспорт, но решение нема. Денеска е 10 ден пари нема , тоа ни го кажа и директорот на МЖ транспорт. Ние си ги бараме парите кои ни се одработени , 6,5 милиони денари имаме одработено тоа е доволна за 1,5 плата, вели синдикалецот Слободан Димитриев.

 

За 125-те вработени во Колска подеднакво важно е да им се исплатат заостанатите пет плати, но и да се забрза процесот а припојување на фабриката со ЈП Македонски железници транспорт. Од синдикатот велат дека доколку во текот на денешниот ден не им бидат исплатени бараните плати, тогаш блокадата на железничкиот сообраќај ке продолжи и утре но овој пат 60 минути подолго или од 7 до 10 часот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.