Заев: “Ми се допаѓа идејата за преименување на аеродромот”

Ми се допаѓа идејата аеродромот во Скопје да се вика „Киро Глигоров“. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев кој го кажа одговарајќи на новинарско прашање околу идејата на Дипломатскиот клуб.

За потсетување, Дипломатскиот клуб – Скопје ја поддржа иницијативата за именување на скопскиот аеродром „Александар Велики“ по поранешниот претседател Киро Глигоров.

Извор: Прес24




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.