Загрозени жителите во село Крушевица прилепско Мариово: Пожарот на пат да ги проголта првите куќи (ВИДЕО)

Загрозени се жителите на селото Крушевица во прилепско Мариово. Пожарот кој потекнува од селото Бонче, а настана од удар на гром во дрво, најпрво се прошири кон манастирот Св. Илија Писокал, а моментално најактивен е над селото Крушевица.

Според нашите информации истиот не може да се стави под контрола поради запалените суви лисје, кои иако се гаснат, при најмал ветер повторно се палат. Местото за носење вода е непристапно, како и пределот за дежурните екипи.

Според информациите на терен е мала екипа од 10 души на Македонски шуми Прилеп, а со огнот се борат и селаните, но поради лошите временски услови истиот не може да се стави под контрола. Доколку во текот на утрешниот ден, огнените јазици не се стават под контрола, пожарот се заканува да ги зафати првите куќи во селото.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.