Mладата Македонка БЛАГИЦА ЅУНЅУРОВСКА, девојчето со ангелски глас, ја продолжи низата на победи за Македонија на балканските музички шоуа. Во само два дена Македонија доби двајца победници. Во средата Ристе Ристески победи на “Ѕвездите на Гранд”, а Благица на музичкото шоу “Неки нови клинци”.
Благица на финалната вечер се претстави со песните “Нека ми несване” од Даниела Мартиновиќ и народната македонска песна “Море сокол пие”.
За сите кои пропуштија, еве како пееше Благица откако го крена победничкиот трофеј.
Навистина моќен, моќен вокал!
А/Г/