За дивоградбите на Теута Арифи, СЈО е и слепо и глуво

Специјалното јавно обвинителство, кое без никакви правни аргументи бараше замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, за дивоградбите на тетовската градоначалничка Теута Арифи во градот со кој раководи е и слепо и глуво. Медиумите неодамна пишуваа дека Арифи ги гледа од канцеларија, ама не ги руши дивоградбите од црниот список во Тетово, пишува порталот Денешен.

tweuta640

-Кога од Тетово ќе се погледне кон Шар Планина, кон патот што води кон Попова Шапка и од спротива кон Тетовското кале и течението на реката Пена, може да се види како еден цел град надвиснал на Тетово. Многу куќи на два, на три па и повеќе катови, огромни објекти за ресторани или хотели кои имаа и по неколку стотици квадратни метри површина, а сите имаат една заедничка карактеристика – сите се дивоградби. Општина Тетово во август, 2016 на тендер ја избира фирмата „Еуро инвест“, која  со нејзината градежна механизација треба да ги руши дивоградбите. На интернет страницата на Бирото за јавни набавки објавено е дека Општина Тетово на фирмата треба да ѝ исплати 6.500.000 денари или 100.000 евра за рушење на објектите. Иако од потпишувањето на договорот поминаа веќе 9 месеци, досега во Тетово се срушени само бараките кај старото Медицинско училиште и еден ѕид и ништо друго, пишуваа медиумите.

 

Толку ли беше слепа градоначалничката, прашувуваат тетовчани?

„Ова што го гледате над Тетово, овие огромни ресторани, хотели, куќи, бидете сигурни дека тиа никогаш нема да се рушат иако се дивоградби. Толку ли биле слепи инспекциите, па и градоначалничката, и не можеле навреме да видат дека се гради објект од стотици метри квадратни? Не треба воопшто некој да им каже, доволно е само да погледнале од прозорецот на нивните канцеларии, цела Шара и Кале се гледаат начичкани со дивоградби. Сето тоа ќе си остане така, а ќе се сруши некое поткровје или шупа на некој сиромав кој нема ниту пари ниту врски да си го зачува објектот. И уште нешто, кој градоначалник врши рушење пред избори? А ние во Македонија избори имаме секоја година“, вели тетовецот кој сака да остане анонимен.

Постапката за рушење на останатите дивоградби во Тетово кои ги има повеќе од стотина  е заглавена некаде во општинските служби и комисии.

„Сѐ што е изградено после 3 март, 2011 година според Законот за легализација на дивоизградените објекти, се смета за дивоградба и не може да подлежи на легализација. Ние како инспекциска служба ги имаме евидентирано речиси сите вакви објекти и тој список сме го испратиле до Комисија за легализација на Општина Тетово. Сега оваа комисија треба само да утврди дека овие објекти не можат да се легализираат бидејќи се изградени после дадениот законски рок и да ни достави такво решение. Врз основа на тоа ние, како инспекциска служба, дури тогаш можеме да ја започнуваме постапката за рушење на дивоградбата. Досега од Комисијата за легализација на бесправно изградените објекти немаме добиено ни позитивно ни негативно решение за ниту еден од овие предмети што сме и ги доставиле, а без такво решение ние не можеме да рушиме иако очигледно е дека станува збор за дивоградба“, вели Виктор Стојановски, раководител на инспекциските служби во Општина Тетово.

collage-divogradbi-630x441

ФОТО: СДК.мк

Чист криминал за кој знае цело Тетово

Според Стојановски, во списокот има над 100 диво изградени објекти кои најмногу се наоѓаат на патот кон Попова Шапка и Тетовското кале, течението на реката Пена а исто така голем дел има и во градот и тоа претежно се надградби и поткровја на станбени објекти. Десетина дивоградби има и во викенд населбата на Попова Шапка. Во општинските кулоари овој список се нарекува и „црн“ список на дивоградби, но засега страшно му е само името бидејќи тетовските дивоградби никој не сака да ги руши.

-Луѓево ги става да кренат дивоградби на прва линија на Шапка на државно земјиште, и без кров, колку да се огради објектот, за да може после да утрдува согласно закон за легализација на бесправно изградени објекти и истите да се легализираат како да се донесени пред носење на законот т.е. во рокот во кој беше дозволено да се легализираат. Чист крииминал за кој знае цело Тетов, вели за Денешен уште еден тетовец кој сакаше да остане анонимен и кој додаде дека вакви биле десетина објекти моментално.

До нашата редакција беше и испратена фотографија од еден ваков објект, пишува Денешен.

tetovo-1-630x354

СЈО не покажуваше никаков интерес ниту за Заев и неговите дивоградби, иако јавноста е одлично запознаена со криминалот на „Цареви Кули“. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати обвинуваше дека Заев со денови молчи за незаконското постапување, фалсификување, узурпирање на државно земјиште и изигрување на законот во случајот со објектот на Цареви Кули.

-Заев се крие во врска со најновата афера во која е вклучен заедно со неговиот долгогодишен пријател Коце Ристовски, кој фигурира како сопственик на луксузниот комплекс Цареви Кули. Заев молчи ама граѓаните на Струмица, но и целата македонска јавност веќе знаат дека тој го озаконил криминалот и му дозволил на својот верен пријател да легализира објект по истекувањето на законскиот рок за легализирање на дивоградби. Скандалот да биде поголем другарчето на Зоран Заев, Коце Ристовски освен што бил почестен со незаконска легализација на луксузниот комплекс Цареви Кули, му бил и еден од најомилените тендер пајташи на Зоран Заев. Коце Ристовски и неговата фирма Чамчифлик Голд ДООЕЛ години наназад редовно добивале јавни набавки од општина Струмица и јавното претпријатие ЈПКД Комуналец Струмица, истакнуваа од ВМРО-ДПМНЕ.

carevi-kuli-640x275-630x271

СЈО беше слепо и глуво и за овие дивоградби, исто како и оние во Тетово на Теута Арифи. Овие случаи покажуваат како ќе владеат овие луѓе кои утре ќе станат власт и како работи обвинителството кое го поддржуваа, со неосновани хајки кон политичките противници на Заев и тиранската коалиција, со нарачки од СДСМ, а при очи слепи се за сите криминали на СДСМ и партнерите.

 Извор: kurir.mk

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.