За време на викендот ќе преовладува стабилно и многу топло време. Утре на повеќе места дневната температура ќе надмине 30 степени, а ќе дува и засилен западен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја.
Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура.