Гвинет Монтенегро прво започнала да работи како стриптизерка, а кога имала 21 година прв пат имала секс за пари.
39- годишната Гвинет Монтенегро од Мелбурн имала секс со 10.000 мажи, а сето тоа започнало со траума која ја преживеала во раното детство, кога ја силувале неколку мажи.
Од тогаш нејзиниот живот целосно се променил, а кога имала 21 година прв пат имала секс за пари.
Прво започнала да работи како стриптизерка.
-“Го правев тоа за пари. Заработував и повеќе од 1.000 долари за ноќ, а парите ги трошев на гардероба, скапи автомобили и дрога”, открива таа во својата исповед за “Дејли мејл”.
Со 29 години сакала да ја напушти секс индустријата, но нешто покасно открила дека и откажуваат бубрезите, па продолжила да го работи тоа се до 33 годишна возраст, кога конечно ја напуштила оваа работа.
Напишала и книга за нејзината работа која ја работела повеќе од 10 години.
Во својата книга Гвинет го сумирала својот живот во секс индустријата, а сите 10.000 мажи со кои спиела се нашле во неа.
А/Г/