РК “Прилеп” е чекор од испаѓање во машката ракометна Супер лига. Денеска прилепчани беа поразени на домашен терен од Радовиш со резултат 29:34 и сега се наоѓаат на само еден бод предност од екипата на Вардар јуниор кои се на самото дно.
Ниту ветераните Петкоски, Бозароски, Ангелоски и 51-годишниот голман Тони Димоски не му помогнаа на РК Прилеп да забележи позитивен резултат против Радовиш.
Токму ангажманот на Димоски е за верувале или не. Со 51-година тој се смета за засилување во клубот.
Всушност тоа е цената која ја плати клубот поради поигрувањето од страна на новата локална самоуправа, поради што голем дел од играчите го напуштија клубот.
Прилеп загуби и во минатото коло кај Борец во Велес, кога резултатот беше уште поубедлив (37:30).