Жителите на ова село во Швајцарија добро ќе ви платат доколку се преселите таму, но потребно е да исполнувате два услови

Жителите на швајцарското село Албинена на 30 ноември ќе одлучуваат за новата политика според која би требало да им нудат пари на луѓето трајно да се населат во тоа место, пишува “Локал”.

Малото село со околу 240 жители е едно од многуте во Швајцарија од кое семејствата масовно се иселуваат последниве неколку години.

Иако во местото има многу куќи, постојаните жители, а особено младите семејства, често се одлучуваат за заминување.

За само една година местото го напуштиле три семејства со осум деца, па морале да го затворат школото.

Планот на локалниот парламент за вселување е, под одредени услови, на семејствата кои сакаат трајно да се населат во Албимена, да им дадат 25.000 франци на секој возрасен член и по 10.000 франци на секое дете. Тоа би значело дека семејство со две деца би добило 70.000.

За да бидат квалификувани за добивање пари семејствата мораа да имаат: Возрасните членови да бидат помлади од 45 годинии и мора да се потпишат дека во селото ќе живеат најмалку 10 години.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.