Населбата “Точила” во Прилеп е најголемата населба во градот каде живее речиси една третина од населението. Оваа претежно стамбена населба некогаш беше вистинска руина, без осветлување, без асфалтирани улици, со изорани паркови, без тротоари, урбана опрема и без никаква свежина.
Изминатите 12 години откако локалната самоуправа ја води актуелниот градоначалник Марјан Ристески, многу тоа се промени во оваа наслеба.
Хортикултурно беа уредени улиците кои поминуваат низ населбата, беа изградени огромни зелени паркови површини со спортски игралишта, се постави ново осветлување, нова урбана опрема, тротоарите се поплочија со бекатон плочки, а после повеќе од 100 години во Прилеп токму во оваа населба беше изграден и прекрасниот свет храм Св. Петка.
Во населбата се наоѓаат и основното училиште “Блаже Конески”, како и средното општинско училиште “Ристе Ристески – Ричко”. Овие две училишта не изостанаа од вложување, па голем дел од 10-те милиони евра вложени во образованието изминатите години во Прилеп, заврши токму во нив.
Училиштето “Блаже Конески” доби нов парк, хортикултурно уредување и поплочување на дворот, промена на дограма, обнова на ѕидовите, балон сала, нова ограда…
Целосно уредена беше улицата “Самоилова” која е најголема во населбата, а беа асфалтирани и поголем број споредни улички.
Во населбата се изгради и зграда со 76 социјални станови.
Моментално при крај се активностите во делот од населбата наречен како “Toчила2”, каде парковата површина ќе биде готова за месец дена.
Во населбата исто така, во иднина се предвидува и изградба на голема детска градинка.
Погледнете ја ГАЛЕРИЈАТА која ја приготвивме за вас:
Aлександар Г.