Еурокомпозит: Кузески им го зеде лебот на 10 синдикалци!? Тој не оди на работа, но зема плата, бил исплашен?!

Откако Владата и вицепремиерот Кочо Анѓушев делимично ги исполнија барањата на синдикалците од “Еурокомпозит”, и притоа не го променија менаџерскиот тим, претставниците на синдикалната организација, најавија нов штрајк.

Но, во текот на вчерашниот ден синдикалците се соочија со отказни решенија.

Според претседателот на синдикалната организација Богданоски, директорите му наредиле на правниот тим под силно обезбедување да ги додели отказните решенија, при што настанало големо незадоволство и вработените прекинале со работа.

Богданоски денес излезе со своја изјава пред медиумите и ги истакна наредните чекори кои ќе ги преземи синдикатот поради новонастаната состојба.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.