Еурокoмпозит: ”Синдикалците добијаа ОТКАЗ, а Анѓушев, Сугарески и Заев им ветуваа НОВ ЖИВОТ?!”

Откако барањата на синдикалната организација во прилепски Еурокомпозит беа делумно исполнети од страна на владата, претставниците од Синдикатот излегоа со предупредување, или промена на менаџерскиот тим, или повторно активирање на штрајкот.

Претседателот на Синдикатот Богданоски, ваквите чекори ги најави во средата, давајќи и на владата и вице премиерот Кочо Анѓушев 48 часа да го сменат менаџерскиот тим, нешто што токму Анѓушев им го ветил.

Но, наместо тоа директорот Александар Кузевски поставен од Анѓушев, вчера им врачил отказни решенија на целокупното синикално раководтство во синдикланата организација на „Еурокомпозит“ – дознава порталот “ОхридСкај“.

Kaко што пишува порталот, образложението за овој чекор било тоа што синдикалната организација покренала штрајк, а според директорот Кузевски немале право на штрајк?!

Генереланиот штрајк продолжува уште порадилкално во „Еурокомпозит“, а од понеделник се најавуваат целодневни блокади на патниот правец Битола-Прилеп-Скопје, додаваат од “ОхридСкај”.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.