Елена Велевска на крајот на 2017 година, реши своите фанови да ги почасти со уште еден видео запис, и на тој начин да им ги честита престојните празници.
Станува збор за песна која таа ја изведе на фолк фест “Валандово”2014 која е една од нејзините песни нај барани на настапите.
Автор на музиката и аранжманот е Горјан Стојановски, а како текстописец се потпишува самаата таа. За видео приказната беше задолжена ИН продукција.
– “Срце бакшиш ќе ти дадам”е песна со која 2014-та година настапив на фолк фест “Валандово”, речиси и да не поминува еден мој настап, а оваа песна да не ја испеам двапати.
Долго време се размислував со мојот тим што да направиме за оваа песна и мислам дека го направивме вистинскиот потег и дека на публиката ќе и се допадне.
За време на Новогодишните празници телевизиските гледачи ќе уживаат во музичката новогодишна честитка која Велевска, група Чардак и ИН продукција ја подготвија за нив.