Фолк-поп дивата Елена Велевска важи за еден од најголемите професионалци кога е музиката во прашање. Покрај промената на стилот на песни кои таа ги изведува, комплетно го промени и стилот на облекување. Ако до вчера можевме да ја видиме во елегантни тоалети, стокмена со светски брендови од глава до пети, сега Велевска може да ја видиме во урбан стил, младелашки, и мора да признаете дека таа промена одлично и прилега.
Што е актуелно кога е модата во прашање, може да го видиме кај Елена. Нејзината колешка Татјана Јовановска не останала имуна на добриот изглед на Елена и го искористила стајлингот, кој Велевска го носеше на аудициите на новата сезона на регионалните музички талент шоу.
Тексас кошула со црн корсет и куси тексас чизми, беше еден од стајлинзите кој Велевска ги носеше, за да после неколку дека нејзината колешка се појави со ист стајлинг, но со златен појас и долги тексас чизми, кој исто така велевска ги носеше на последната фотосесија.
Она што Карлеуша важи во Србија за мода, тоа исто е нашата Елена од Прилеп
На кого подобро им стои проценете сами.